| четврток, 6 декември 2018 |

Братска тепачка во Тетовско- едниот завршил во болница, другиот во притвор

policija65 годишен тетовец бил пренесен во болница со повреди на главата кој настрадал во тепачка со неговиот брат.

Инцидентот се случил вчера попладне. И.Џ. од тетовско Селце од за сега непознати причини се скарал со неговиот брат М.Џ., а расправијата прераснала во тепачка. Во еден момент М.Џ. го удрил со камен во главата и му нанел сериозни повреди поради што И.Џ. бил пренесен во ургентниот центар во Скопје. Случајот го пријавиле во полиција лекарите од ургентен, по што М.Џ. бил приведен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top