| четврток, 6 декември 2018 |

Наоѓаат тинејџери хомосексуалци, па ги тераат да се каат што се родиле

Рускиот ултранационалист и поранешен скинхед Максим Марцинкевиќ, познат како Тесак, започна кампања против тинејџерите припадници на ЛГБТ популацијата. Тој и многубројните останати неонацистички групи со помош на популарната социјална мрежа vk.com ги намавуваат наивните малолетници преку личните огласи.

Досега на социјалната мрежа има направено над 500 вакви групи за пронаоѓање на хомосексуалците низ повеќето градови во Русија. Нивна цел се исклучиво тинејџерите кои договараат истополни состаноци. Откако ќе се најдат со нив, групите ги малтретираат, психички и физички, не често и ги злоставуваат, а сето тоа се снима.

Видео материјалите се објавуваат на интернет се со цел тинејџерите да бидат разоткриени пред нивните семејства, како и нивните наставниците, пријателите и соучениците. Голем дел од нив пробале да се самоубијат.

Засега полицијата нема преземено никакви мерки. Русија е позната по отворената омраза кон хомосексуалноста. Неодамна со закон се забрани посвојувањето на деца за хомосексуалните двојки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top