| четврток, 6 декември 2018 |

Брачен пар пронајдов мртов, во фаза на распаѓање

Полицијата од Белград, утринава околу 10 часот во изнајмен стан пронашла две мртви тела, а според неофицијалните информации станува збор за сопружници кои биле пронајдени во кревет заедно.

Нив ги пронашла пријателка која имала клуч од нивниот стан кој го изнајмувале. Таа дошла кога се посомневала дека нешто им се случувило бидејќи долго време не се јавувале.

Мртвите тела биле во фаза на распаѓање и не може точно да се утврди причината за несреќата.

Неофицијални информации велат дека тие живееле во изнајмениот стан, кој бил сопственост на лице кое живее во Црна Гора.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top