Струмичанката Катерина Урдова ќе ја претставува Македонија на светскиот избор за Мис супермодел. Таа вчера пристигна во Пекинг, Кина каде, а изборот кој ќе трае до 4-ти август ќе се одржува во градовите Тијанин и Рехерсол. Катерина ќе носи фустан од креаторката Емили Пишева со која соработува долго време.

На изборот, кој се оддрува по 15-ти пат, учетвуваат 60 земји од светот, а покрај тоа шт ќе бидат избрани топ 10 модели, се доделуваат и шест награди.

Избраните девојките ќе имаат шанса да останат и соработуваат на моден план со организаторот, но и склучат годишни договори. Лиценцата за Македонија ја поседува “Пантер моделс”.
Струмичанката Урдова на почетокот на овој месец се пласира меѓу првите 10 на изборот на мис на „Фешн ТВ“ на Кипар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


