Двајцата македонски државјани во изминатите 2 месеци ограбувале туристи на граничниот премин Богородица така што им ги оштетувале гумите на автомобилите, па им нуделе помош, а во меѓувреме им одземале пари и предмети од возилата пренесува Канал 5.
Потоа, го следеле возилото кое што го оштетиле, под изговор дека ќе му помогнат на сопственикот, а со методот на одвлекување на вниманието, од автомобилите краделе различни лични предмети и пари.
Од почетокот на јуни, па се до средата, тактиката на двајцата Македонци се покажала како ефективна. Во 15те случаи,за кои се товарат успеале да одземат 5.850 евра, лап топ, мобилен телефон и различни лични предмети и документи. Додека пак во моментот на апсењето, кај нив биле пронајдени 575 евра, 2600 денари и 60 српски динари.
Уапсените разбојници се товарат за тешки кражби, ќе одговараат пред судот во Кукуш, а грчката полиција истражува дали двајцата македонски државјани се поврзани и со други слични дела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


