Битолчанката Костандина Костовска – Дина е првенка на генерацијата на шпанскиот колеџ за хотелиерство и туризам. Нејзината љубов уште од мали нозе, готвењето и креативното сервирање, сега се поткрепени со диплома која со која ќе може да раководи со кујните на светските ресторани и хотели со 5 ѕвездички. Таа беше нагредена и од деканот и познат шпански шеф на кујна Карлос Аргиљано.
Колеџот за хотелиери и туризам во Мадрид е познат по обилната пракса, која им овозможува на студентите да менаџираат со елитните ресторани и нивната кујна, а Костандина ја искористи секоја прилика на шпанците да им ги сервира нашите традиционални јадења.
27-годишната Македонка, веќе неколку години живее и работи во Шпанија, а ова се само дел од нејзините креации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


