Двократниот МВП во НБА лигата Ветеранот Стив Неш, ќе тренира со фудбалерите на Интер, кои доаѓаат на турнија низ САД во пресрет на Гинис купот, на кој ќе учествуваат осум екипи од целиот свет.
Првиот противник на Интер ќе биде Челзи, а дуелот ќе биде одигран во Индијанаполис на 1. август.
„Остварување на сонот е шансата да имам проба, и не само тоа, туку и да истрчам на теренот во дресот на Интер. Зборуваме за еден од најславните и најтрофејните светски клубови. Во моментов се чувствувам како мало дете. Сигурно ќе бидам далеку повозбуден отколку кога играм кошарка. Одвреме-навреме знам да имам трема пред некој кошаркарски натпревар, но оваа можност, да се тренира и игра покрај овие момци секако дека нема да ме остави рамнодушен“ – изјави Неш.
Тој својата проба за Интер ќе ја има во Њу Џерси, два дена пред првиот меч од турнирот за Интер кој „нероазурите“ го играат во Индијанаполис против Челси.
Неш како дете тренирал фудбал, пред да започне да се занимава со кошарка. Тој е и еден од сопствениците на Ванкувер Вајткепс, кои се натпреваруваат во МЛС лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


