| четврток, 6 декември 2018 |

Барса ќе им понуди на Челси 29 милиони за дефанзивец?

Раководството на Барселона сака да го донесе Давид Луиз во својот тим

luiz_2179966b

Челниците на Барселона се подготвени да го тестираат Мурињо испраќајќи понуда од 29 милиони евра за Бразилецот, во кого каталонците гледаат предводник на нивната одбранбена линија за следните неколку сезони. Во ситуација кога Карлес Пујол е хронично повреден и не се знае колку ќе биде подготвен за новата сезона, јасно е зошто каталонците се подготвени да потрошат богатство за нов врвен дефанзивец што би играл во тандем со Пике.

Луиз  важи за фудбалер што извонредно се снаоѓа со топката во нозе, идеално би се вклопил во фудбалската филозофија на Барса, но останува да се види дали Челси ќе даде зелено светло за овој играч да ги смени клупските бои во текот на летниот преоден рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top