| четврток, 6 декември 2018 |

„Њујорк Тајмс“: Хрватска неподготвена влезе во ЕУ

Hrvatska-pred-EUОд тоа како ќе се покаже Хрватска во Европската унија зависи дали нејзините балкански соседи ќе добијат шанса да се докажуваат во истото друштво, пишува „Њујорк тајмс“, кој со сомнеж гледа на подготвеноста на државата за полноправен член.
Весникот го отвора прашањето дали земјата е прерано примена, колку е  подготвена, како и дали и натаму е премногу корумпирана. Потсетува дека во 2007 година во ЕУ се придружија Бугарија и Ромнија, за потоа ЕУ набргу да сфати дека двете земји не биле подготвени за членство. „Официјални Софија и Букурешт до сега не ги решија проблемите поради кои нивното членство беше доведено во прашање, како што е корупцијата, слабата економија и политичката нестабилност.
Доколку се покаже дека Загреб навистина бил грешка, тогаш останатите балкански земји ќе мораат многу подолго да ја чекаат својата шанса“, оценува „Њујорк Тајмс“, кој се надоврзува дека хрватската економија е неподготвена за конкурецијата во ЕУ, дека државата е корумпирана и притисната од голем број неспособни бирократи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top