Владата на Република Македонија е рангирана на 49. позиција како најактивна македонска институција на „Твитер“.
Освен Владата, другите институции од Република Македонија воопшто не се ни категоризирани на првите 50 позиции во истражувањето „Twiplomacy“ кое го спроведе компанијата „Burson-Marsteller.“
На почетокот на јули 2013 година, компанијата анализираше 505 владини профили во 153 држави.
Годинешнава глобална студија покажа дека американскиот претседател Барак Обама (@BarackObama) сѐ уште е најследениот светски лидер на „Твитер“ со повеќе од 33 милиони следбеници.
Burson-Marsteller е светски познатата компанија за односи со јавност и комуникации, која ја претстави годишната глобална студија „Twiplomacy“ (http://twiplomacy.com) за активноста на светските лидери на „Твитер“. Студијата покажа дека повеќе од 3/4 (77.7%) од светските лидери имаат профил на „Твитер“ и 2/3 (68%) се поврзале со своите колеги на „Твитер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


