Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во 18.30 часот, во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, во рамки на Четвртата годишна конференција на иселеничките организации ќе додели признанија и одликувања на 9 македонски организации од дијаспората и 13 поединци – припадници на македонската дијаспора.
Претседателот Иванов ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ на следниве македонски организации од дијаспората: Национален совет на македонското национално малцинство во Република Србија; Македонско добротворно друштво „Македонија“; Македонско културно друштво „Св. Кирил и Методиј – Крањ“; Асоцијација на македонски друштва „Форум“; Организација „Обединета македонска дијаспора“; Организација „Обединети Македонци од Канада“; Македонски меѓународен комитет за човекови права; Австралиско-македонски комитет за човекови права; Македонски просветно-училиштен одбор за Нов Јужен Велс.
Признанието „Повелба на Република Македонија“ се доделува за особени заслуги и достигнувања на организациите во насока на зачувување и афирмирање на македонските историски, културни и духовни традиции и вредности, како и за придонес кон унапредување на пријателските односи и соработка со повеќе држави во светот.
Претседателот Иванов со „Медал за заслуги за Македонија“ ќе ги одликува следните поединци – припадници на македонската дијаспора: Ангел Митревски, Илона Захариева, Павле Велков, Владимир Ралев, Мајк Зафировски, Борис Ничов, Коста Гас Стенвик, Ферид Мурад, Зоран Ќосески, Зоран Бечваровски, Виолета Јовановска, Диана Стерјовска, Јованка Смилевска.
„Медалот за заслуги за Македонија“ се доделува на поединци – припадници на македонската дијаспора, за исклучителната посветеност и ангажираност во нивното работење и дејствување, со што значително придонесуваат кон афирмација на Република Македонија во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево