По повод 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, во просторот меѓу „Кермес“ и Зоолошката градина е поставена скулптурата „Шатор“.
Автори на скулптурата се Сергеј Никољски и Милан Мијалковиќ, а „Шатор“ е подарок од архитектите за градот Скопје.
– Шаторот е симболичен објект. Буди различни чувства и асоцијации, кои настануваат во зависност од контекстот на неговата околина. Поставен во дива природа, шаторот станува симбол на слобода. Во поново време тој објект нуди и една поинаква слика. Шаторот стана метафора за заробеништво и немоќ. Пред берзанските и банкарските центри овие тривијални конструкции, овие привремени живеалишта на Occupy движењето создаваат еден систем – критички простор. Одеднаш, шаторот создаде место за силен протест против структурите на моќ, а истовремено рефлексија од едно чувство на беспомошност. Онаму каде катастрофите го земаат покривот над глава, нужните живеалишта ја нудат првата помош.
Шаторот како објект е подарок во знак на заедништво и единство, но и еден вид ветување и обврска за натамошни дарови – велат од компанијата „Адинг“, која го помогна овој проект преку донација на бетон со вклучен транспорт и вградување на истиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст