| четврток, 6 декември 2018 |

Политичар се пофали со тетоважата и по грешка – со својата машкост (ФОТО)

Политичарот Ларс Оли е познат како некогашен лидер на шведската левица, но, пред сѐ, како голем навивач и поддржувач на Ливерпул. Сакајќи да се пофали со тетоважата од неговиот омилен фудбалкиот клуб, тој на „Инстаграм“ ја сподели фотографијата од неговата нога, но по грешка и со неговите интимни делови.

Lars-Ohly-politicar tetovaza

Оли брзо сфатил дека во дел од сликата ѕирка и неговиот машки полов орган и ја повлекол фотографијата од интернет, но недоволно брзо – таа сепак се прошири по социјални мрежи.

– Ха, ха, случајно објавив слика која покажува повеќе од планираното. Сега е исправена – напиша Оли откако ја стави сликата со замаглени интимни делови.

ohly_1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top