Поранешниот претседател на САД Џорџ Буш, постариот, ја избричи главата во знак на солидарност со Патрик, син на членот на неговото обезбедување, кој се бори со ракот. Двегодишниот Патрик остана без коса во текот на терапијата која ја примал бидејќи боледува од леукемија. И поранешниот претседател и останатите припадници на неговото обезбедување, дваесеттина на број ги избричија главите и се сликаа заедно за да покажат солидарност со малото момче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.