Економските презентации на Владата кои имаат за цел привлекување на странски инвестиции, се вистинскиот чекор, од кој резултатите доаѓаат, не само како инвестиција, туку и во намалување на стапката на невработеност. Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на пратеничко прашање.
„Резултатите од бизнис презентациите доаѓаат најрано за една година, а во повеќето случаи и за три, четири или пет години. Уверен сум дека она што сега го правиме ќе даде ефект во наредниот период. Тоа се гледа и од многуте компаниии што дојдоа во овој период во Македонија и направија огромни инвестиции, како што се „Џонсон Мети“, кои изградија една фабрика и веќе градат втора, „Џонсон Контролс“ кои исто така гради втор објект, потоа „Ван хол“, „Дракслермаер“, „Кромберт и Шуберт“…, рече премиерот и додаде дека голем дел од инвеститорите посочувале дека токму ваквиот пристап на Владата им бил клучен за да донесат одлука да инвестираат. Груевски потенцира дека само една реализирана инвестиција ги исплаќа сите напори на Владата, и тоа не само во износот, туку и преку бројот на вработените во тие капацитети.
„Само на ваков начин, со пораки, презентирање на она што го нуди Македонија и директно на терен, со одење на роуд шоуа и користејќи ги меѓународните медиуми, една мала држава може да го најде своето место под сонцето во смисла на привлекување на повеќе инвестиции“, истакна Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


