Меѓудржавниот договор кој Македонија го потпиша со Руската Федерација е ист како и договорите кои ги склучиле другите држави кои се веќе дел од гасоводот Јужен Тек – појасни министерот за финансии Ставрески. Останува „Газпром“ и македонската државна компанија Македонски енергетски ресурси да го изработат техничкото решение за тоа од која страна ќе доаѓа кракот од гасоводот. За навремен приклучок неопходна е секундарна гасоводна мрежа, а проценките се дека нејзината изградба ќе чини 300 милиони евра.Освен приклучокот кон Јужен тек, енергетската стабилност дополнително се осигурува и со реализација на проекти за производство на енергија од обновливи извори. Денеска беше склучен договор со германската банка КФВ која со дополнителни 15 милиони евра ќе ја финансира изградбата на паркот на ветерници во Богданци чија вкупна вредност е 55 и пол милиони евра. КФВ претходно за истиот проект веќе одобри 32.9 милиони евра.
Германската банка КФВ вложи и 20 милиони евра за реализација на проектот хидроцентерала Шпиље којн е во фаза на подготовка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


