| четврток, 6 декември 2018 |

Стејт департмент: Ги поддржуваме напори во ОН

stejt departmentСтејт департмент во куса реакција за прашањето за името, во пресрет на посетата на Самарас на Вашингтон, како и неговото одбивање на поканата за средба за спорот за името со Македонија, посочи дека го поддржува процесот со Нимиц.

– Ние ги поддржуваме тековните напори во Обединетите нации предводени од Метју Нимиц. Се надеваме дека водачите на Македонија и на Грција ќе најдат заемно прифатливо решение на спорот за името што е можно поскоро во интерес на евроатланската интеграција, економскиот просперитет, мирот и безбедноста во регионот, одговори претставник на Стејт департментот на прашањето на МИА за реакција за одбивањето на Самарас на македонскиот предлог за интензивирање на разговорите за спорот за името.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top