Администрацијата на Барак Обама вчера за малку избегна блокада во Конгресот за продолжување на прислушувањето на телефонските разговори.
Фалеа 7 гласа за да помине предлогот на републиканскиот конгресмен Џастин Амаш од Мичиген, кој бараше намалување на надлежностите на агенцијата НСА.
Конгресменот смета дека со неговиот предлог власта ќе беше спречена да презема податоци без критериуми додека истрагите за тероризам не би биле загрозени. Критичарите на Амаш, пак, сметаат дека со намалувањето на надлежностите на агенцијата ќе се зададе силен удар на разузнавачката програма на САД која досега спречила бројни планирани терористички напади.
Прислушувањето на НСА стана топ-тема во светот откако поранешниот службеник во агенцијата, Едвард Сноуден, обелодени дека се прислушувани бројни телефони на светски дипломати, меѓу кои и во Европската унија, но и милиони Американци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.