| четврток, 6 декември 2018 |

ОБСЕ: Позитивно е што се одвоени Законот за медиуми и Законот за аудио-визуелни услуги

zakon za mediumiОБСЕ силно ги поддржува заложбите на македонската влада за донесување на Закон за медиуми. Оттаму велат дека е позитивно што се одвоени Законот за медиуми и Законот за аудио-визуелни услуги.

-Овој предлог закон во многу сегменти ги исполнува меѓународните норми. Законите за медиуми и аудио-визуелни услуги се добри, секогаш е потреба доработка и треба да се следи процесот и да се види кои се следните предлози. Секоја држава мора да ги следи меѓународните стандарди, но сепак законите треба да се приспособат и кон државата. Нацрт законот е добар и е многу значаен за да се обезбеди слободата на изразување. Постојат уште некои работи кои треба да се подобрат, а тие предлози ги доставив до министерот Ивановски со кој имаме одлична соработка – Дуња Мијатовиќ, претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top