Божин Павловски го кодошел и Живко Чинго. Во неговото досие, покрај имињата на Петре М Андреевски, Љубиша Георгиевски, Гане Тодровоски, Симон Дракул, Славко Јаневски, Јордан Плевнеш, се појавува и името на тогаш актуелниот директор на МНТ, за кого Павловски на службите на УДБА пренесувал информации. Тој посочувал дека поради работењето на Чинго ситуацијата во МНТ била крајно сложена. Чинго, обвинувал Павловски, не бил способен за раководење поради што барал негова итна смена од сите функции во МНТ.

-Состојбата во МНТ е крајно сложена, пред се заради досегашното работење на Живко Чинго во оваа институција. Имено очигледно е дека тој не е способен за раководење и треба да биде најитно сменет од сите функции во МНТ. Ова свое мислење им го пренесов и на одделни општествено политички работници, заради опасноста од втор случај “Лекар” што во моментов може да биде особено штетно за сите нас. Неговиот однос во работењето и недостатокот на скрупули го доведе театарот на оваква позиција и затоа се залагам за негово префрлање на функција од која не ќе може да му наштети на општеството, во секаква смисла на зборот. Овака тој ги узурпира сите самоуправни права на вработените ги дезавуира самоуправните органи во театарот и обезвреднува една од носечките културни институции во републиката – стои во изјавите што Павловски ги дал на службениците на УДБА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


