| четврток, 6 декември 2018 |

Набљудување на екосистемот во Преспанското езеро

преспаВо Преспанското Езеро почна мониторинг и истражување на екосистемот со брод, обезбеден од проектот за негова заштита, пренесува МИА.

– Ставањето во функција на бродот за мониторинг ќе претставува важна пресвртница во идното управување со водите на ова Езеро. Со негова помош, надлежните институции, ќе можат редовно да ја следат состојбата со Езерото и ќе алармираат секогаш кога ќе треба да се преземат одредени мерки, нагласи министерот за животна средина Абдулаќим Адеми, на официјалното почнување на мониторингот во село Стење.

Мониторингот на водите во Македонија, како што додаде, е еден од приоритетите на Министерството за животна средина и просторно планирање од причина што нивното одржливо управување е можно само доколку континуирано се следат промените во нив произлезени како резултат на човечкото дејствување, развојот на сливните подрачја, климатските и другите природни влијанија.

Преку овој проект, како што информира градоначалникот на Ресен Стрезоски ќе биде изградена станица за мониторинг и управување со водите од Преспанското Езеро со најсовремена лабораторија за следење на квалитетот на водите, изградба на пристаниште за мониторинг-бродот, како и обука на стручни лица кои во иднина ќе раководат со системот за мониторинг на езерото.

– Општина Ресен ќе вложи максимални напори за правилно да се искористи се она што е наследено за доброто на регионот и жителите од општината, рече Ѓоко Стрезоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top