| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Нова порака од Литванија: министерот контра амбасадорот

литванијаПо вчерашната презентација на програмата и приоритетите на Литванското претседателство со ЕУ од литванскиот амбасадор Ренатас Јушка во македонскиот законодавен дом, а во која Македонија не беше споманата, литванскиот министер за надворешни работи Линас Антанас Линкевичиус во изјава за медиумите даде спротивна изјава. Шефот на амбасадорот кој ја иззема Македонија од програмата, и за време на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација со министерот Попоски, како и неодамна во Литванија постоеле отворени дискусии со премиерот Груевски за ова прашање.

„Можам да повторам дека ние го сметаме проширувањето и  процесите на приближување и партнерствата како дел од нашите приоритети. Издвојуваме три приоритети за време на нашето претседавање: Кредибилна Европа, Растечка Европа и Отворена Европа. Под отворена се подразбира токму тоа што треба да го сториме со вашиот процес за приклучување. Верувам дека ќе сториме најдобро што можеме, доколку и нашите партнери го сторат најдоброто, во насока да се обезбеди опиплив резултат. Би биле среќни кога нашите пријатели би можеле да почнат со процесот на асоцијација за време на нашето претседателствување, тоа би бил навистина добар инпут, но како што реков, тоа е прашање на членките , на консензусот, но нашата улога како претседавачи. Гледате не како ваши сојузници и поддржувачи и во таа насока како непристрасни. Ќе бидеме позитивни, конструктивни и од помош. Овој дух на дијалог кој го имавме до сега ќе продолжи и секако ќе даде опиплив резултат во иднина“, додава шефот на литванската дипломатија.

Во однос на вчерашните пораки од амбасадорот на Литванија, Лилјана Поповска како претседател на Пратеничката група за соработка со парламентите на балтичките земји, испрати писмо до литванскиот колега Валеријус Симулик, претседател на Групата за меѓупарламентарна соработка со Западен Балкан.

„ Ви се обраќам како на колега, со кој ни е заедничка заложбата за унапредување на односите и пријателството меѓу нашите две земји, Република Македонија и Литванија. Сакам да Ве информирам колку големо беше разочарувањето на присутните пратеници што Македонија не беше ни спомната во приоритетите, а уште поголемо кога амбасадорот објасни дека тоа е намерно, поради немање напредок во земјата. Притоа особено зачуди неговата реторика, несоодветна за дипломатската комуникација. Зачудени останавме и подоцна истиот ден, кога преку медиуми чувме  поинаква изјава од министерот за надворешни работи на Литванија, г. Линкевичиус во Брисел, по што се наметна прашањето, дали амбасадорот говорел во лично име или во име на својата земја?“

„Почитуван колега, верувам дека ќе ги пренесете нашите чувства од обраќањето на Вашиот амбасадор до Вашето Министерство за надворешни работи, по што очекувам коректна комуникација, во дух на пријателство и заемно почитување. Истовремено, Ве замолувам, преку Групата за меѓупарламентарни односи со Западен Балкан, да го иницирате спроведувањето на Препораката за неодложно започнување преговори за влез на Република Македонија во Европската унија, веднаш и без условување, со оглед на фактот што веќе четири години по ред добиваме позитивни извештаи за напредок во реформите“, се вели во писмото од Попска до нејзиниот литабски колега Симулик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top