Најмалку тројца се повредени во немирите кои го зафатија црногорскиот град Будва заради првата Парада на гордоста. Во судирите со полицијата приведени се десетмина. Противниците на парадата уште од синоќа се собрани и протестираат на улиците против собирањето на ЛГБТ заедницата. По поворката на парадата во близина на плажа биле фрлани и камења и други предмети од сите страни. Заради судирите на противниците и полицијата, поворката се одвивала по скратена маршрута, обезбедувана од 400 полицајци- припадници на специјалните единици. Употребена е дури и димна бомба за да се растераат напаѓачите, кои револтот го насочиле и кон полицијата.
Видео материјали од случувањата можете да ги погледнете на Телеграф.рс.
Црногорската влада порача дека со Парадата на гордоста сака да испрати порака дека Црна Гора е општество каде се почитуваат човековите права, а црногорскиот ЛГБТ форум најави дека до крајот на летото во Црна Гора ќе биде одржана уште една Парада на гордоста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


