Една од главните ѕвезди на музичката сцена во поранешна Југославија, веќе со години живее и работи во Чикаго и се занимава со сосема поинаков вид на музика.
Пејачката на евергринот „Хајде да лудујемо“ во САД пее духовна музика, а нејзиниот сопруг Матеј и нивните три сина Данте, Еван и Бласијас неретко и се придружуваат.
Неодамна Татјана Камерон, позната како Тајчи го најави своето враќање во Дубровник, каде ќе снима видеоспот за новата песна „Главу подигни“.
– Едвај чекам да дојдам во Хрватска, да пеам и да снимам видео за моите обожаватели. Тие се секогаш во моето срце. Оваа посета ќе биде многу значајна за мене – напиша таа на социјалните мрежи.
Тајчи ќе го посети и Загорје, каде што ќе биде назначена за култрен амбасадор на Хрватска во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.