| четврток, 6 декември 2018 |

Започна изградбата на локален пат Драч – Бунеш

Проектот „Изградба на локален пат с. Драч - с. Бунеш“ во Пробиштип е еден од предвидените проекти во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, развој на економијата и создавање поволна деловна клима за живеење, од големо значење за развојот на општината, а посебно за развојот на земјоделството и сточарството во руралните средини

izgradba pat probistip

Согласно проектната документација, вкупната должина на локалниот пат изнесува 2200 метри со ширина од 3,5 метри. За изградба на локалниот пат дел од средствата се обезбедени од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој, а дел од буџетот на општината Пробиштип.

Вкупната инвестиција во согласност со спроведената постапка за јавна набака изнесува 14.514.000 денари. Изведувач на проектот е Друштвото за градежништво и трговија „Коле –транс инженеринг“ ДОО Штип.

Според договорот, рокот за завршување на работите е три месеци, но според динамиката со која работи изведувачот се очекува патот да биде пуштен во употреба на крајот од јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top