| четврток, 6 декември 2018 |

Малоча му го посвети голот против Турново на Вуковиќ и заработи казна од 300 евра

Капитенот на Хајдук, Марио Малоча му донесе победа од 2-1 на Хајдук против Хоризонт Турново, а за победничкиот гол, наместо награда ќе добие казна од 300 евра. Со толкава сума го казни тренерот Игор Тудор, откако Малоча му го посвети голот на соиграчот Иван Вуковиќ.

Проблем е што Тудор не го трпи црногорскиот напаѓач Вуковиќ и дозволи тој да си замине веднаш по дуелот со Турново, а имаше и вербален конфликт со него. Вуковиќ се пресели во Сеонгнам во Јужна Кореа, а при заминувањето изјави дека Тудор бил голем фудбалер, но е несупешен тренер и уште полош како човек.

Тудор се воздржа и избегна кавга со Вуковиќ, но ќе настрада Малоча, се чини ни крив ни должен, па капитенот ќе мора да плати 300 евра казна. Хајдук утре ќе го игра реваншот со македонскиот претсвник во квалификациите за ЛЕ, Турново од 17,45 часот во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top