| четврток, 6 декември 2018 |

Дома чувале евра и накит – провалници им ги украле

 

Непознати сторители провалиле и ја ограбиле куќата на триесетгодишна жителка на селото Сопотница, Демирхисарско.
Според жртвата , разбојниците вчеле преку терасата на вториот спрат, ја пребарале куќата и одзеле 4000 евра, 3000 денари, златен накит и околу 50.000 денари промет од Станицата за технички преглед – Демир Хисар, каде што работел нејзиниот сопруг.
Во неколку предходни кражби месецов во земјава  украле над 200,000 евра , пари кои што жртвите наместо во банка ги чувале дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top