„Грција во офанзива. Македонија под притисок од сите страни да го смени името по грчки модел. Дипломатите констатираат на внатрешен план притисокот го вршат ДУИ и СДСМ, на надворешен план неколку земји кои се сојузници на Атина, како и грчката влада која одби да преговара на премиерско ниво, а за преговори го смета својот диктат“, пишува весникот Вечер во текстот посветен на обраќањето на литванскиот амбасадор кој во македонското собрание ги претстави приоритетите на неговата земја додека претседава со ЕУ до крајот на годината.
„Свесни дека грчкиот диктат е поддржан и во Македонија, како што оценуваат експертите Грците преку Литванија го зголемуваат притисокот, па дури литванскиот амбасадор Ренатас Јушка вчера пред пратениците во македонското собрание излезе со сосема спротивни ставови од оние на ЕУ“, пишува Вечер.
„Познавачите на состојбите велат дека и СДСМ и Шеќеринска, кои го создадоа проблемот со името, постојано го притискаат Груевски да го прифати грчкиот диктат. Експертската јавност потсетува на изјавите од опозицијата дека ако Груевски не сака, тие ќе го решат проблемот кога ќе дојдат на власт и дека спорот со Грција се решава за 6 месеци. Тука како што посочуваат се отвора прашањето зошто не го решија во минатото кога власта беше во нивни раце повеќе 10 години“, се додава во текстот во утрешниот број на дневниот весник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.