Албанците започнаа масовна акција за притисок врз меѓународната зедница за да се реализира обединувањето на Албанците во единствена држава, пренесуваат албанските медиуми повикувајќи се на Де Пресе.
-До ноември треба да се соберат милион потписи од Албанците во дијаспората, кои живеат надвор од „Природна Албанија“, изјави Кочо Данај, претседател на движењето „Природна Албанија, на прес конференција во Минхен. Откако ќе се соберат потписите, петицијата ќе биде доставена, меѓу другото и до владите на Германија, Велика Британија и Австрија. Потписите почнаа да се собираат од пред два дена на плоштадот Карлсплатц во Минхен.
Според Данај, кој е директор на албанскиот Инситут за регионални прогнози „Природна Албанија“ треба да ги обединува Албанија, Косово и делови од Македонија, Црна Гора, Грција и јужниот дел на Србија, во кои живее албанско население. Оваа држава, смета тој, ќе придонесе кон стабилизирање и напредок на балканскиот регион, а конечно ќе го реши и албанското прашање.
Весникот посебно го потенцира фактот што „ ЕУ силно се спротивставува на овој проект“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија


