Градежните активности на регионалниот пат Свети Николе – Пробиштип, во непосредна близина на селото Мечкуевци, се во тек. Реализацијата на овој проект опфаќа модернизација на постојната траса (израмнување, тампонирање и асфалтирање) на делот меѓу селата Мечкуевци и Куково, во должина од 5 км, ширина на асфалтен коловоз: 5,5 метри и банкини со ширина од 2 x 0,75 метри.
-Инаку, досега оваа делница од патниот правец беше само пробиена и со земјен коловоз. Нејзиното користење беше отежнато и при временски неприлики целосно во прекин – соопштуваат од Министерството за транспорт и врски. Министерот денеска ги посети градежниците кои работат на патот со кој патувањето од Свети Николе до Пробиштип ќе се скрати за околу 20 км, воедно ќе се комплетира овој регионален пат и ќе се овозможи директна и најкратка врска помеѓу градовите Свети Николе и Пробиштип, како и на сите населени места кои гравитираат на овој пат во овие две општини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.