| четврток, 6 декември 2018 |

Поголем стаж, повисока пензија

penzioneriРаботниот стаж во иднина ќе влијае врз висината на пензиите на идните пензионери. Жените што ќе имаат работен стаж поголем од 35 години, а мажите поголем од 40 години ќе земаат повисоки пензии, пишува денешен „Вест“.

 Дневниот весник нагласува дека со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од јануари 2013 година, пензиската основица не се ограничува на максимум 80 отсто, како што беше претходно. Сега за секоја одработена година плус, пензиската основица ќе се зголемува за 1,61 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top