Тело на мртва жена е пронајдено во една шума во реонот на Мил Хил, во населбата Хедон во северозападен Лондон. Во соопштението на лондонската Метрополитен полиција се вели дека куферот со трупот во него е откриен вчера доцна попладне. Сѐ уште не се знае идентитетот на убиената, ниту нејзината точна возраст. Според првичните информации станува збор за жена во „помлади години“.
Полицијата смртта на жената ја третира како убиство и започна истрага. Во полициското соопштение нема детали за тоа во каква состојба се наоѓа трупот, освен што се посочува дека куферот е откриен случајно, покрај патеката во шумата, што се наоѓа покрај еден терен на кои спортуваат жителите од оваа лондонска населба.
Никој засега не е посочен како осомничен, ниту пак кој било е приведен и сослушуван.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.