#Најозбиљно
Бидете озбиљни, ситуација е смешна.
Бидете озбиљни, ситуација е смешна.
Верувам во случајности, само ако се добро испланирани.
Со месеци не читам хороскоп, кој знае колку убави нешта ми се дешавале, а јас не знам.
Толку е богат што не му требаат пари за да биде среќен.
Што забележувате најпрво кај жена со големи цицки?
Солун е ко дете од неуспешен брак меѓу нас и Грците. Они добиле старателство, а ние го гледаме за викенди и купуваме...
Пак ќе повторам, зошто цената на струјата и храната не паѓа? Нели ја покачивте ради високата цена на нафтата? Ајде...
Колку е сериозна ситуацијата сфаќам по тоа што прекинаа епизода од турска серија за да се обрати Премиерот.
Не дозволувам среќни и весели луѓе да ми го расипат лошото расположение денес.
Еден ден ќе бидам толку богат што ќе седнам во кафана на 31ви јануари.
Диазепамот добил нобелова награда за мир.
Пижами – официјален дрес за домашен терен.
Исклучувања на кои и ЕВН завидува.
Од птичја перспектива, сите сме потенцијално wc.
Сеедно… Се е дно.
Повеќето луѓе што се откажуваат од цигари изгледа се откажуваат само од своите.
Да ширевме љубов ко што шириме омраза страв ми е да замислам колку среќни ќе бевме.
МПЦ забрани мажи да скокаат по бидермаер.
На светов не му треба некој да го спаси, му треба да го остават на мир.
Поминува полиција… Седи мирен, овие по тебе идат, ќе те земат…