#Тешко
Не е тешко да бидеш на диета, се што треба да направиш е да се откажеш од алкохол, добра храна и волја за живот.
Не е тешко да бидеш на диета, се што треба да направиш е да се откажеш од алкохол, добра храна и волја за живот.
Не знам шо е полошо, тоа шо се мешаш у туѓа работа или тоа шо баш у мојaта се мешаш!
‘imam problemi so kozata’ – пишувајте кирилично за да знаеме каков лекар ви треба.
Единствен начин нашата фудбалска репрезентација да го наполни стадионот во Скопје е да игра против Цеца.
Кога ќе научиш да возиш, ќе научиш и да пцуеш.
Ако една чаша ракија е корисна работа, јас вчера направив 20тина корисни работи…
Од внимавање на исхрана, внимавам да не остане нешто за утре.
Колку се повредуваш себеси за да не ги повредиш другите?
Јас сум на две диети дека една не ме најадува.
Гладен си кога “Ќумур за скара” го читаш “Ќумрам за скара”.
Знаете што никогаш не излегува од мода? добро понашање.
Ти и јас сме како две паралелни линии, толку многу имаме заедничко ама никогаш нема да се споиме.
Некогаш животот беше многу поедноставен кога за све беше срамота.
Не барам многу – само да е згодна, убава, семејно ориентирана, сама да си заработува, да има сопствена кола и...
Прав маж се гледа по големината на насмевката на неговата девојка.
Кога ќе видам “Објектот е под видео надзор” одма го прибирам стомакот.
За подготовка на ова јадење, потребни ви се многу пари. Добар апетит.
У мојава фирма сите се вработивме на база на нашето знаење,……сите се знаевме со генералниот директор!
Луѓето најмногу се дебелат од греота! Пример греота е да се фрли…
Алкохолот убивал полека… Па, му се брза на некој? На мене не.