#LowPower
На светов му останува уште 12% батерија.
На светов му останува уште 12% батерија.
Кога ќе се разбудиш два саати после алармот, ти не си се успал… ти си се наспал!
Дај му на коцкар да реши рубикова коцка… Збуни го.
Шеташ низ Скопје и си пееш „Ова е чудесен, чудесен СМЕТ”.
Се фали идел со пола град, а тој пустиот од Пехчево.
Вие што носевте летни чизми летово, ги извадивте ли зимсκите апостолκи…
Се осеќам ко да немам главна улога у мојов живот.
Уште само 4 нули на салдото и ќе бидам милионер.
„Нозете се пуштаат колку што ти е долга чергата, а кармин се става до каде што ти е устата.”
Човек се брука додека е жив.
3 од 4 мажи знаат дека не можат да победат у кавга со жена. Четвртиот е сингл.
Се обратив на Гугл дали знае каде ми е другата чорапа, не го добив одговорот. Заклучок: И Гугл не знае се!
Здравиот има 1000 желби, просечен македонец само една, да ја поздрави емисијата.
На работа, секогаш давам 100% од себе. 10% во понеделник, 23% во вторник, 40% во среда, 22% во четврток и 5% во петок.
Почна сезоната на најглупавото прашање „Каде за нова година?”.
‘Снузана, Снузе’ – Кафанска певаљка шо се враќа на твоја маса секои 5 минути додека не ѝ дадеш пари.
Кај нас само Нова Година доаѓа на време.
Ми се трошат многу пари. Да не има некој многу пари шо не му требаат?
Не е тажна, лошо ги нацртала веѓите.
„Човекот може да издржи две недели без храна”. Обично се двете недели пред да стигне платата.