#Комплет
Во Македонија нема случаи на тргување со човечки органи. Тука се продава цел човек.
Во Македонија нема случаи на тргување со човечки органи. Тука се продава цел човек.
Ограничен интернет, неограничена будала.
Ако не се сакаме, не мора да се мразиме.
Оргазам ти е најјак антидепресив.
Одевме во иста насока го згрешивме правецот.
Сите викаат шала на страна, а никој не кажува на која.
Многу сакам дедо мразот од рекламата на Coca-Cola, да го видам во реклама на Скопско како пие пиво.
Англиски и српски зборуваат кај нас и повеќе од 20%, што не ги направат службени, а?
Во Канада дупките ги цртаат на улиците за возачите да не возат брзо… Во Македонија има 3D технологија.
Друго што ќе се пофалиш? – Единица мерка за немање муабет.
Сите сакаме да глумиме, само што сценариото ни е лошо.
Бидејќи знаеме сѐ затоа и не нѐ бива.
МПЦ аплицираше за бугарски пасош.
Македонија. Албански знамиња по улици, турски серии на телевизија, кинеска роба по продавници, бугарски пасоши...
Еден ден нема да ти пали колата, одма херој ќе те прогласат.
Секогаш кога ќе се најдете на страната на мнозинството, време е да застанете и да се преиспитате.
Оној период меѓу ‘ќе те барам за кафе’ и 25 години од матура.
Жената треба да биде активна во сексот исто толку колку што е во зборувањето.
Читам во весник го уапсиле фризерот Б.М. за дилање дрога. Јас сум му муштерија веќе три години, појма немав дека...
Сити мол е премногу тажно. Ни треба Сити дур.