| четврток, 6 декември 2018 |

Административците од претпријатијата стануваат јавни службеници

Лицата вработени во Јавните претпријатија, а кои вршат административни работи, ќе добијат статус на јавни службеници. Тоа е овозможено со измените во законите за државни и за за јавни службеници, соопшти владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев на денешната прес конференција.

Измените се однесуваат за правниците, сметководителите, информатичарите и за вработените кои вршат извршни, управни, статистички, надзорни, плански, кадровски, материјално-финансиски и други работи од административна природа. За останатите вработени од ЈП ќе продолжат да се применуваат одредбите од Законот за работни односи.

Исто така, вработените во администрацијата се воведува обврската при евентуална ситуација за прераспределување на вработените, лицето кое е предмет на превземање од една во друга институција да се согласи со таа постапка.

– Досега беше потребна само согласност на раководните органи во институциите. Сега ќе мора  да постои писмена согласност потпишана од вработениот – Ѓорѓиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top