Потпомогнатото (ин-витро) оплодување од 2014 година ќе биде бесплатно и за второ дете, одлучила Владата. За таа цел за наредната година ќе бидат обезбедени 1,5 милиони евра, јави „Телеграф„.
– Со министрите за финансии и за здравство долго време вршевме подготовки и пресметки затоа што станува збор за прилично скапа интервенција. Веќе наредната година ќе планираме во буџетот дополнителни 1,5 милион евра за оваа активност, што заедно со ин-витрото за прво дете, за што годишно се издвојува еден милион евра, ќе биде вкупно 2,5 милиони евра за ин-витро за македонските граѓани – рече премиерот Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.