| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Граѓаните да ги прочитаат објавените документи и сами да оценат дали лустрираните постапувале правично

nikola-gruevski-foto-645x360Граѓаните што помасовно да ја отворат веб страната на Комисијата за верификација на фактите и да ги прочитаат објавените документи па самите нека оценат дали тоа што го правеле лустрираните е правично, повика денеска премиерот на Република Македонија Никола Груевски. 

Груевски оцени дека процесот на лустрација не е антимакедонски.

– Не знам дали е антимакедонски кога цела Источна Европа го спроведе овој процес. Дали бил антилитвански, антибугарски, антиунгарски, античешки…, тоа е друго прашање, но јас би ги повикал граѓаните да ги прочитаат тие работи што се извадени на интернет, изјави Груевски.

Премиерот остави граѓаните сами да се уверат дали владата прави антимакеднски потези и сами да прочитаат како се однесувале лустрираните.

– Најдобро е мојот коментар да изостане, а граѓаните колку што можат помасовно за да се уверат дали правиме антимакедонски чекори да отворат и да прочитаат за секој, што пишува, што правел, како се однесувале, кои биле нивните активности и дали е тоа правично и добро тоа што го правеле. Ако оценат дека тоа што го правеле овие луѓе во тоа време е позитивно, паметно, промакедонски, тогаш јас ќе се согласам со констатацијата дека лустрацијата како процес е антимакедонска. Но, се плашам дека секој што ќе прочита длабоко ќе се замисли во какво време се живеело во минатото и дали оние луѓе коишто денеска реагираат имаат морално право тоа да го прават, изјави премиерот Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top