| четврток, 6 декември 2018 |

Синот на газдата на Пинк уби девојка на пешачки со 100 км/ч

sin pink20 годишниот Александар Митровиќ, син на сопственикот на телевизија Пинк, Жељко Митровиќ завчера со неговиот автомобил усмртил на лице место 17 годишна девојка, а потоа побегнал.

Несреќната Андреа Бојаниќ починала на лице место откако Александар движејќи се со неговиот Бе Ем Ве Х6 со 100 километри на час директно ја удрил додека минувала на пешачки премин во Белград.

 

Според полицијата, Александар по ударот не застанал, туку со голема брзина заминал од местото на несреќата.

Тој возел уште најмалку километар пред да застане. Веднаш го побарал татко му и му раскажал што се случило, а дури два часа подоцна дошол во полиција со адвокат и татко му Жељко.

Момчето немало алкохол во крвта и не бил под дејство на наркотици.
Според првичните информации, Александар минал на црвено и директно удрил во девојката која минувала на пешачки премин со брзина од околу 100 километри на час иако во таа улица огранувањето на брзината било 40 километри на час. Девојката немала шанси да го избегне.

andrea-bojanic-umrla-nesreca-1374273147-341671

Неговиот татко пак, тврди дека Александар минал на зелено, а девојката претрчала на црвено, поради што овој немал шанса да застане.

–       Не сакам да го правдам, но ми се јави веднаш по несреќата и ми рече дека сака да се самоубие и дека не знаешто да прави. Не сакаше да оди во полиција, но не знаеше каде да оди. Отидов веднаш по него и со адвокат отидовме во полиција. Му реков на судијата дека мојот син уби девојка, изјавил Митровиќ за српските медиуми.

Според српските медиуми АЛександар се соочува со затворска казна од 2 до 12 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top