| четврток, 6 декември 2018 |

Албански политичар бара „Природна Албанија“

koco danaj

Црна Гора треба да ги препушти источните делови од својата територија, на кои главно живее албанско население. Тој простор треба да и припаѓа на „природна Албанија“, изјавил албанскиот политичар Кочо Данај за германската агенција ДПА.

Ако не биде формирана „природна Албанија“, ќе има нова војна на Балканскиот полуостров“, изјавил Данај во интервју за германската агенција ДПА.

„Сите Албанци треба да живеат во една држава. На конференцијата во Лондон која се одржала во 1913 година, големите сили им нанеле голема неправда на Албанците. На таа конференција спречено е обединување на сите Албанци, иако сите неколку години претходно се залагале за тоа. Денес бараме обединување на сите Албанци без војна“, рече Данај, кој правци разлика во термините „природна“ и „голема“ затоа што последниов потекнувал од нацистите за време на Втората светска војна.

„Тоа е гаранцијата дека на Балканот повеќе нема да има војни. Во спротивно претстои нова балканска војна. Ако ја имаме Албанија во нејзините природни граници, тоа нема да се случи“,рече тој.

Дритан Абазовиќ, црногорски политичар, вели дека изјавата на Данај потсетува на Воислав Шешељ.

„Овде национализми од овој тип никогаш нема да бидат целосно мртви, прашање е колку ќе бидат маргинализирани. Прашањето е колку некој отскокнува од умерено политичко делување. Може да се повлече некоја паралела, но Албанија никогаш немала експанзионистички намери и не војувала за територија која не е нејзина“, вели тој.

Идејата на Данај всушност би значело менување на границите на Црна Гора, Србија, Косово, Македонија и Грција. Данај го сметаат за маргинален политичар во Албанија, но тој еден период се претставуваше и како советник на поранешниот албански премиер Сали Бериша.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top