| четврток, 6 декември 2018 |

Храна за мозокот: Овој појадок ја подобрува меморијата

Не секоја битка е физичка, постојат и ментални конфликти, а потоа на вашето тело му е потребно нешто за да го подигне.

За секој човек приоритет е менталната чистота и брзото размислување кога е на работа. Затоа започнете го денот со мрсна риба бидејќи се верува дека е добра за меморијата.

Студиите од неврологија велат дека ако јадете мрсна риба три пати неделно, ја намалувате загубата на меморијата за 25%.

Протеинот од рибата, како и јајцата, ќе го задржат вашиот апетит и нема да ви сметаат во вашата работа.

Што треба да направите?

Потребни состојки:

2 јајца

2 филети од риба

2 големи лажици спанаќ

2 парчиња тост леб

Подготовка:

Наполнете го садот со врела вода, ставете ги јајцата да се варат и да вријат уште 2-3 минути откако ќе ги тргнете од рингла.

Ставете ги филетите во сад со врело масло, 2 минути. Потоа спанаќот нанесете го врз тост лепчињата, па јајцето, рибата и сендвичот е готов.

Студиите на Универзитетот Колорадо покажаа дека холинот од јајцето може да ви помогне за подобра обработката на информациите и до побрзо учење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top