| четврток, 6 декември 2018 |

Потоп во Либија: Два дена нема да се работи, се е под вода (фото)

Либија се бори со големи поплави.

Во вториот по големина град во Либија, Бенгази има големи поплави поради што два дена нема да се работи.

Властите на истокот на земјата ги прогласија наредните два дена за неработни, зашто вработените во јавниот сектор не можат да пристигнат на работа поради поплавените сообраќајници.

Патиштата се затворени за сообраќај, и аеродромот којшто е поплавен. Целосно е поплавен патничкиот терминал, изјави заменик директорот на аеродромот, Усама Ферџани.

Аеродромот ,,Бенина” во Бенгази лани е реновиран откако три години беше затворен.

Високите бранови ги спречуваат танкерите да се приближат до пристаништата.

Лошите временски услови ги затворија и сите пристаништа во Либија, од каде се извезува нафта.

Во 2013 година во декември во земјата загинаа во поплави над 16 луѓе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top