| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени баба и внук, им стигнала дрогата која ја нарачале преку интернет

Во Бјеловар, Хрватска се уапсени 75-годишна жена и 20-годишно момче поради дрога која им стигнала по пошта од Германија, јавува полицијата.

Како што пишуваат медиумите, утврдено е дека и двајцата живеат во Бјеловар и дека преку една платформа на интернет нарачале дрога од Германија.

Во понеделникот во поштата во Бјеловар го подигнале пакетот во кој се наоѓале 1.534 грама опојна дрога, амфетамин (спид) и 1.023 парчиња екстази. Дрогата била наменета со цел да се продава.

Откако пакетот бил подигнат, тие биле уапсени, а дрогата била одземена.

Најверојатно станува збор за баба и внук, но таа инфорамција не е потврдена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top