| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов ќе се сретне со Давитковски наредната недела

ivanov2

Претседателот Ѓорге Иванов идната недела ќе се сретне со професорот Давитковски, кој денеска до неговиот кабинет достави оставка од местото претседател на Комисијата за случувањата во Собранието на 24 декември минатата година.

Во текот на денов Иванов не може да се види со Давитковски поради, како што изјави, други обврски.

– Комисијата работеше постојано, има изготвено и препораки, но навистина не знам за што станува збор – рече шефот на државата по посетата на Сеизмолошката опсерваторија.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со одговорот од грчкиот премиер Самарас, Иванов го повтори ставот изнесен пред неколку дена кога во посета на Македонија беше словенечкиот претседател Борут Пахор.

– Немаме со кого да дојдеме до решение. Се избегнува дијалог, а само така може да се надминат несогласувањата. На секоја наша иницијатива добиваме негативен одговор од грчката страна – истакна Иванов.

Тој информира дека државниот врв континуирано е во контакт, а ако се оцени дека има потреба, ќе биде закажана средба и со политичките партии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top