| четврток, 6 декември 2018 |

Надлежните чекаат ветeрот да го однесе смогот од скопската котлина

Граѓаните се молат да дувне ветер за да дишат почист воздух. И институциите ги препуштија на временската прогноза. И покрај расипаните мерачи од министерството за животна средина велат мерки ќе се активираат само доколку два дена последователно две мерни станици, ќе покажат концентрации над 200 микрограми. И наместо конкретни мерки, испратија соопштение во кое ја презентираат прогнозата на УХМР дека утре се очекува облачно, студено време со засилен северен ветер. Во меѓувреме, заменикот министер Макрадули е на службен пат во Белград каде ја презентира стратегијата за чист воздух.

Во меѓувреме мерките кои ги осмислуваат надлежните се се уште само на хартија или пак дел од нив ги најавуваат за од наредна година. Граѓаните не забележуваат никакви ефекти и велат деновиве аерозагадувањето е екстремно а за тоа сведочи и сликата од ходниците во клиниките каде секојдневно расте бројот на пациенти . Жителите на Аеродром стравуваат за своето здравје, велат иако нема мерачи екстремното загадување се чувствува секој пат кога ќе излезат од дома.

Бидејќи со месеци во најзагадените скопски општини нивото на ПМ честици не се мери, еко активисти синоќа се пуштија во патрола со приватни мерачи за да ги известат жителите на Аеродром, Лисиче, Гази Баба дека дишат отров. Над 500 мг на м3 беа измерени на нивниот апарат на локацијата кај големиот Крст во Аеродром на булеварот Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top