| четврток, 6 декември 2018 |

Четиримесечно бебе од Гостиварско со повреди на глава пренесено на скопските клиники

Татко го нашол четримесечното бебе со повреда на главата во семејниот дом во едно гостиварското село. Случајот во полиција е пријавен од гостиварската болница.

Од СВР Тетово информираат дека Ј.А. (41), вчера пријавил дека кога се вратил од работа околу 20 часот и 30 минути, во домот го нашол, паднато покрај кревет своето четиримесечно бебе со повреда на главата. Мајката С.Ш.(21) спиела на креветот. Повреденото бебе е пренесено во гостиварската општа болница „ Ферид Мурад”, а оттаму заради повредите препратено на скопските клиники.

Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top