| четврток, 6 декември 2018 |

Старец измамен во Кисела Вода: За лажна сообраќајка му земале 200 евра, а му оставиле жолт часовник

Вчера околу 10 часот во Полициската станица Кисела Вода, З.С. (72) од село Ракотинци, скопско, пријавил дека во саботата во периодот од 12 до 13 часот бил измамен од две непознати лица за сума од 11.400 денари.

Според пријавата, лицата му се доближиле на улица „Христо Татарчев“, општина Кисела Вода. Едното лице се претставило дека е од Македонија, а другото од Норвешка. Лицето што се претставило дека е од Македонија, му кажало дека имале сообраќајна незгода и дека треба да му даде пари на странецот. Му побарало пари за да му покаже на странецот затоа што тој не ги разликувал македонските пари, а како гаранција му оставил часовник со жолта боја кој наводно чинел 70.000 денари.

Откако пријавителот му ги дал парите, лицата си заминале и му рекле да ги причека. Откако поминал еден час пријавителот сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top