| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за бизарната несреќа во Гостивар, во која е загина едно лице

Гостиварец починал од повреди на главата кога од камион со кој се разминувал паднале метални шипки врз неговото возило.

Според СВР Тетово, несреќата се случила околу 13 часот на улицата „Илинденска”, во близина на поранешен „Жито Шар” во Гостивар. Од товарно возило „мерцедес” со гостиварски регистерски ознаки, што го управувал Б.С. (58) при разминување со патничко возило „опел-фронтера” што го управувал Д.Џ (48), паднале метални шипки и го повредиле по главата.

Повредениот со возило на итна помош е пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад”, но набрзо им подлегнал на повредите.

На местото на настанот се врши увид со учество на јавен обвинител и екипа на Полициската станица Гостивар.

По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top