| четврток, 6 декември 2018 |

На ова се умира: Еко патрола во Лисиче (видео)

Еко патролата од Скопје смог аларм вечерва излезе на терен и го мереше аерозагадувањето со мобилен мерач PICO кај нефункционалната мерна станица во Лисиче.

Ако не можат надлежните, ќе мериме сами!, порачаа тие прикажувајќи ги јавно енормните бројки и десет пати над дозволеното количество на штетни честички.

  • Ова е отров, на ова се умира – порачаа тие.

Иако загадувањето е над максимално дозволеното, мерки за заштита се активираат доколку во два последователни денови има средно дневни концентрации што надминуваат 200 микрограми на метар кубен на две мерни станици во Скопје.

Засега остануваат само препораките до населенито да не излегува без потреба, да се користи јавен превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал и правилно да се користат печките за дрва.

Загадено вечерва е и низ многу други општини низ земјата.

https://republika.mk/986970

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top